Мојсоска: Пајазити направи правен преседан и додели куќен притвор на лице кое нема македонско државјанство

Макфакс

14/04/2025

12:10

1.634

Големина на фонт

а а а

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, остро реагираше на одлуката на Судскиот совет кој изрече само 30 проценти парична казна за судијата Пајазит Пајазити, иако, како што тврди таа, било утврдено дека судијата незаконски постапил и го овозможил бегството на припадникот на УЧК, Блерим Рамадани.

„Пајазити направи правен преседан и додели куќен притвор на лице кое нема македонско државјанство“, истакна Мојсоска, саркастично додавајќи дека само во Македонија е можен куќен притвор за лице барано со потерница за воени злосторства да биде сместено кај роднина.

Таа потсети и на изјава на градоначалникот Арбен Таравари, дадена една недела пред бегството на Рамадани, со која, според неа, се потврдува дека станува збор за „политички протисок кон судството“.


Мојсоска ја искористи објавата и за да укаже на, како што вели, спорното минато на судијата Пајазити. Меѓу другото, го обвини дека ги пуштил во куќен притвор лицата вклучени во безбедносниот инцидент на скопскиот аеродром — меѓу кои, како што тврди, имало функционери на ДУИ — како и дека го спасил од затвор обвинителот Иџет Мемети, прифаќајќи спогодба под законскиот минимум за дело земање мито.

На крајот од својата реакција, Мојсоска го постави и прашањето за актуелната претседателка на Судскиот совет: „Весна Дамева од Судски Совет од кога е во ЗНАМ?!“

Оваа објава доаѓа во период на зголемена јавна критика кон правосудниот систем и неговата транспарентност и непристрасност.