Се одржа вториот протестен марш „Задоцнета реакција“ на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ каде животот го загубија 61 младо лице и близу 200 повредени.
На маршот учествуваа илјадници жители на Кочани и регионот. Кај сите е евидентна тагата, солзите сами доаѓаат.
Може да се нареќе и „Марш на тишината“, бидејќи почнувајќи од Градскит парк во Кочани кон Трговскиот центар, Општина Кочани, полицијата и Основниот суд и обвинителство во Кочани колоната луѓе се движеше и застануваше на наведените места, само кога стигнаа пред Основниот суд и Јавното обвинитрелство сите во еден глас порачаа: „Бараме отчет за сработеното.
„Нашите ангели заслужуваат правда“ е она што го бараат родителите на настрадните истакнато преку транспаренти.