Поскапа трпеза, иста традиција – колку чини велигденскиот ручек?

Денар

18/04/2025

17:35

1.362

Големина на фонт

а а а

Иако Велигден е празник кој повикува на духовна радост и семејно заедништво, се чини дека за многу македонски семејства тој сè повеќе станува и финансиски предизвик.

Годинава, според проценките на трговците, но и според потрошувачката кошничка на граѓаните, едно скромно велигденско мени – со јајца, шунка, салати, парче месо, десерт и леб – чини најмалку 3.000 денари, односно околу 50 евра.

И покрај владините мерки за ограничување на маржите до 10% за прехранбените производи – кои важат до 30 април – цените на производите во маркетите и на пазарите пред празникот сепак пораснаа.


– Секоја година се лажам дека ќе биде поевтино, ама пак ми доаѓа исто. Само за 30 јајца и боја дадов 400 денари, а да не зборуваме за шунка, мајонез, хрена, торта… ќе потрошам барем 4.000 денари. Но не можам без трпеза, тоа ни е радост – раскажува 61-годишната Ратка од Скопје, која ја сретнавме на Зелениот пазар додека избираше јајца и млад лук.

Најголем удар врз домашниот буџет прават месните производи. Цената на шунката, која е задолжителна на велигденската трпеза, во маркетите се движи од 500 до 900 денари за килограм, додека домашната од месарниците достигнува и до 1.200 денари. Сирењето и кашкавалот исто така се со повисоки цени – килограм сирење е околу 350 денари, а кашкавалот и над 600 денари.

– Не може да се штеди на Велигден, особено ако ти доаѓаат гости. Се трудиме да не претеруваме, но и со основни работи одиш над 3.000 денари. И ова е најскромна верзија, без печење јагне или посебни специјалитети – вели Драган, татко на две деца.


Пекарите, пак, велат дека годинава се бараат повеќе поедноставни колачи и домашни торти, бидејќи граѓаните бараат начин да заштедат.

Слаткарниците нудат пакети со минијатурни колачи за 600–800 денари, додека класичните торти од еден килограм чинат и до 1.200 денари.

– Забележуваме тренд на скратени нарачки, луѓето земаат половина торта, или ја делат со соседи – објаснува пекар од Битола. – Никој не сака да се откаже од слаткото, ама веќе сите го сметаат секој денар.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.