„Тешко дека можам да замислам убавина без малку меланхолија“: Најмоќните цитати на Шарл Бодлер

Точка

11/04/2025

19:06

2.770

Големина на фонт

а а а

Шарл Бодлер, кој бил роден на денешен ден 9 април 1821 во Париз, бил еден од највлијателните и најдобрите француски поети во 19 век. Тој бил претходник и основач на модернизмот, преведувач, есеист и литературен критичар.

Бодлер е уметник кој водел „боемски“ живот, кој бил застапен меѓу уметниците од средината до крајот на 19 век. Неговото најпознато (истовремено и скандалозно) дело е збирката „Цвеќиња на злото“, објавена во 1857 година.

Погледнете некои од неговите најинтересни изреки.

1. „Те сакам затоа што ми даде љубов. Ја сакам љубовта затоа што ти ми ја подари.“

2. „Полудената страст за уметност е жива рана која проголтува сè останато.“

3. „Тешко дека можам да замислам убавина без малку меланхолија.“


4. „Ако светот не постои, измисли го. Но, претходно увери се дека не постои!

5. „Не гледам никаква утеха во тоа што ќе го надживеам мојот пријател и ќе останам само споменик на минатите времиња.“

6. „Животот е лудница од која треба да се побегне.“

7. „Треба да се биде пијан! И тоа е единственото важно… А со што? Со вино, со поезија, со доблест – со штосакаш. Но, биди пијан!“

8. „Кога сè ќе се земе предвид, работата е помалку досадна од забава.“

9. „За трговец дури и искреноста е финансиска шпекулација.“

10. „Злото се прави без напор, се разбира, тоа е дело на судбината, доброто е секогаш производ на уметноста.“


11. „Ние сме оптоварени, во секој момент, со концепција и сензација на времето, а постојат само две средства со кои можеме да побегнеме и да го заборавиме овој кошмар: задоволството и работата. Задоволството нè троши. Работата нè прави посилни. Ајде да избереме…“

11. „Мажите најдобро се снаоѓаат со жени кои најдобро се снаоѓаат без нив.“

12. „Ништо не може да се направи освен малку по малку.“