[ВИДЕО] Ријана ги примила обожавателите во нејзиниот автомобил – ТикТок преплавен со снимки

Точка

11/04/2025

19:19

2.588

Големина на фонт

а а а

По промоцијата на нејзината козметичка линија во Париз, Ријана (37) решила да се дружи со обожавателите во нејзиниот автомобил.

Денес малкумина познати личности им дозволуваат на обожавателите да им се доближат, но Ријана уште еднаш покажала зошто е толку омилена во јавноста. Во рамки на промоцијата на нејзината козметичка линија „Fenty Beauty“, Ријана оваа недела во Париз направила нешто што нејзините обожаватели сигурно ќе го паметат до крајот на животот.


Инаку пејачката од Барбадос го претставила „Fenty Zone“. Тоа е простор кој вклучува кафуле и фризерски салон, полн со производи за убавина на нејзиниот бренд.


Меѓутоа откако завршил официјалниот дел, Ријана решила да ја отвори вратата од нејзиниот автомобил за група обожаватели кои ја чекале надвор. Ги пуштила да влезат во автомобилот, да ја гушнат, да се фотографираат со неа, да добијат автограм и можност да разговараат со нea.

Watch on TikTok


Првично обезбедувањето не ѝ дозволило на Алиса (27) да влезе во автомобилот, но откако Ријана ја забележала побарала да ја пуштат внатре. Алиса тврди дека пејачката ја препознала бидејќи се виделе неколку пати на промоциите на нејзиниот бренд. Иако разговорот меѓу нив не може да се слушне, изразот на нивните лица кажува сè. Подоцна Алиса објавила видео на ТикТок со натпис: „Веројатно ми требаше само прегратка од Ријана, нејзините прегратки се најдобри“.

Уште еден обожавател имал среќа

Уште еден обожавател добил шанса да седне спроти пејачката во нејзиното приватно возило. Тој со себе го носел списанието „Harper’s Bazaar“, на чијашто насловна страница била Ријана. „Види го ова! Сакаш ли да се потпишам таму?“ Ријана го прашала обожавателот, а момчето ѝ се заблагодарило и на крајот добил прегратка.

Иако Ријана првенствено се прославила како пејачка, во последните осум години ја гради кариерата преку модата и козметиката.


Од нејзината соработка со Пума, до нејзината линија за долна облека „Savage X Fenty“, до „Fenty Beauty“, Ријана изградила бренд чија вредност се проценува на околу 1,4 милијарди американски долари.