[ФОТО] Познатата пејачка и дизајнерка денеска го слави 51-от роденден: Можете ли да погодите за кого станува збор?

Точка

17/04/2025

17:06

2.287

Големина на фонт

а а а

Викторија Бекам, поранешната членка на легендарните „Spice Girls“ и успешна модна дизајнерка, денеска го слави својот 51 роденден.

По тој повод Дејвид Бекам сподели низа фотографии на неговиот Инстаграм профил кои ја прикажуваат нивната љубов низ годините – од почетоците на нивната врска, младоста на Викторија, па сè до семејните моменти со нивните деца.

„Среќен роденден на најпрекрасната жена, неверојатната мајка и најдобрата пријателка која секој би ја посакал. Се надевам дека ќе имаш совршен ден затоа што навистина го заслужуваш тоа. Те сакаме бескрајно“, напишал Дејвид и ги означил и нивните деца – синовите Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер.

Викторија и Дејвид Бекам важат за еден од најпознатите парови во светот на славните. Нивната љубовна приказна започнала во 1996 година, а во 1999 година го изговориле судбоносното „да“. Иако во 2004 година поминале низ тежок период поради гласините за наводната афера на Дејвид со Ребека Лос, тие успеале да ги надминат сите предизвици и да останат заедно.

Инаку Викторија е родена на 17 април 1974 година во Есекс, а пораснала во Гофс Оук. Нејзините родители и овозможиле безгрижно детство – нејзината мајка работела во осигурување, додека нејзиниот татко бил електроинженер и заедно воделе успешен семеен бизнис.

Уште како мало девојче, откако го гледала филмот „Fame“, одлучила дека сака да стане пејачка. Таа се школувала на „Jason Theatre School“, а потоа посетувала часови за танц и моделинг.


Првиот голем чекор во кариерата го направила во 1994 година, кога ѝ се приклучила на групата „Spice Girls“, која подоцна станала најпознатата женска музичка група на сите времиња. Заедно со Гери Халивел, Мел Би, Мел Си и Ема Бантон, Викторија постигна светска слава, а бендот продал повеќе од 80 милиони албуми ширум светот. По успехот со групата, членовите се фокусирале на соло кариери.