Канје Вест објави серија нови твитови на Икс, речиси исто толку бизарни како и неговите претходни (сега веќе избришани) контроверзни твитови.
Во својот нов испад, тој изнесе неколку изненадувачки тврдења, спомнувајќи ги меѓу другите Мадона, Ким Кардашијан и Тејлор Свифт, пишува „Дејли мејл“.
„Ким Кардашијан е мојата дадилка“, напиша тој во една од нив. Во друга, тој се осврна на видеото од 2008 година на кое Ким е интимна со нејзиното тогашно момче Реј Џеј.
„Му кажав на Реј дека двајцата мораме да имаме секс со неа“, напиша тој, а многумина веруваат дека мислел дека сака да биде дел од такво видео.
Бизарните изјави не застанаа тука. Во една од објавите на Канје, тој тврдеше дека се бакнувал со Мадона, а во друга, тој рече дека сака да има секс со Тејлор Свифт.
„Лут сум што сè уште не сум ја е…“, напиша тој.
Тој претходно се пожали дека Џастин Бибер и Хари Стајлс наводно имале секс со Тејлор без да го поканат, што според него е пример за расизам.
Тој, исто така, се осврна и на обвинувањата за силување изнесени против него минатата година од страна на музичката менаџерка Лорен Пишиота.
„Кога ќе им се налутиш на луѓето што те наговорија?“, ја прашал раперот. Пред тоа, тој објави твит во кој како да се пофали дека имало вакво обвинение против него.
Да потсетиме дека Канје претходно објави песна за неговата сопруга Бјанка Ценсори. Во стиховите кои се проширија на интернет, раперот тврди дека Бјанка го оставила и дека не знае каде е.
Вест неодамна јавно ги навреди и децата на Бијонсе и Џеј Зи, близнаците Руми и Сер. На Икс тврдеше дека се „ретардирани“, по што ја избриша објавата. Тој се врати еден ден подоцна за да каже дека му е жал за објавата и дека го сака Џеј Зи, но неодамна навести дека не погрешил.