Малолетник допирал по телото четиригодишно девојче во домот на соседите во Кичево

Макфакс

11/04/2025

14:16

550

Големина на фонт

а а а

Вчера во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево лишиле од слобода 14 – годишен малолетник од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на соседите допирал по телото четиригодишно женско дете.

Во присуство на родител, претставник на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, во ОВР Кичево со него бил извршен службен разговор.

Полицијата соопшти дека е известен јавен обвинител и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена пријава за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, по член 188 став 5 од Кривичниот законик.