Монс Селмерлев (38), шведскиот пејач и победник на Евровизија 2015 со песната “Херои“ (Heroes), се најде во центарот на медиумското внимание поради обвинувањата од неговата сопруга, британската актерка Кјара Јансон, дека ја злоставувал.
Таа го обвини за емоционално и физичко злоставување, неверство и злоупотреба на супстанции, а парот сега се разведува. Меѓутоа, во последната изјава Монс реши да проговори за овие наводи.
„Лажните тврдења дека сум тепач и дека моите деца се во опасност сѐ повеќе се шират на социјалните мрежи од луѓе кои не знаат што е вистина, а што лага. Подготвен сум да ги преземам сите последици од постапките што всушност сум ги направил. Сите имаме маани и грешки. На оние кои мислат дека сум им се заканувал или сум ги удирал моите деца или мојата сопруга, сакам да им го кажам следново: Никогаш не сум им скинал ни влакно од главата, не сум им се заканувл или удирал, ниту децата ниту сопругата. Тоа е вистината“, нагласи Монс.
Оваа изјава доаѓа откако Кјара, која се обиде да ја задржи веста за разводот во тајност, реши да го прекине молкот и да проговори за причините за колапсот на нивниот брак.
„За да ги прекинам шпекулациите, поднесов барање за развод во Британија за да го задржам ова приватно. Бидејќи се чини дека тоа веќе не е можно, важно е да ја кажам мојата вистина и конечно да застанам на земја. Моите деца беа и секогаш ќе бидат мој најголем приоритет и ќе направам сѐ за да ги заштитам и да бидам мајката што ја заслужуваат, напиша Кјара во
објава на Инстаграм која подоцна беше избришана.



„Му посакувам на Монс најдоброто во неговите идни напори и се надевам дека ќе ја побара помошта што му е толку потребна. Како што се затвора ова поглавје, можам само да му посакам добро на патот кон подобра иднина“, додаде таа. Откако нејзината објава исчезна од социјалните мрежи, Кјара објави слика на која напиша само еден збор – „замолчи“.
Монс и Кјара се запознаа во 2016 година, а нивната љубовна приказна кулминираше со брак во 2019 година на островот Вис. За нешто повеќе од 5 години брак тие добија две деца, а Кјара има син од претходната врска. Тие често објавуваа слики на социјалните мрежи кои сугерираа дека се среќно семејство, но очигледно тоа не било така.