Рок пејачот Џон Бон Џови се најде на удар на критики поради хуманитарната иницијатива во неговиот роден град Томс Ривер, Њу Џерси, откако неговата добротворна кујна предизвика спор со градоначалникот.
Градоначалникот на Томс Ривер, Даниел Родрик, го обвини Бон Џови дека привлекува бездомници од цела држава во неговата добротворна кујна, што наводно го влошува проблемот со бездомниците во градот, пишува „Дејли мејл“.
Бон Џови ја отвори кујната преку неговата фондација, а ресторанот беше отворен во февруари во градската библиотека. Во интервју за „Фокс њуз“ (Fox News), Родрик вели дека кујната создава „депонија“ на бездомници, бидејќи, како што тврди, во градот доаѓаат бездомници од други делови на земјата, што ја влошува безбедносната состојба во тој дел од градот.
„Не сакаме да бидеме епицентар на бездомниците. Не сакаме да бидеме „депонија“ за бездомниците од целиот Њу Џерси“, рече Родрик, нагласувајќи дека државата треба да преземе одговорност за решавање на проблемот.
Кујната, која беше пуштена во употреба за да им помогне на луѓето на кои им е потребна, градоначалникот ја критикува за зголемениот број бездомници на улиците, но призна дека директно не му пристапил на Бон Џови или на неговата фондација за да ги сподели своите наоди.
Добротворната кујна им овозможува на корисниците да платат оброк со препорачаните 12 долари или да волонтираат во замена за оброк.