Демнат измами на телефон – го излажал дека ќерка му прегазила луѓе и барал 1.300 евра за да не оди во затвор

Макфакс

08/04/2025

14:14

497

Големина на фонт

а а а

Измамите по телефон за лажните сообраќајки не стивнуваат. Најнова жртва е 77-годишен старец од кој биле земени 1.300 евра.

Според информациите на МВР, вчера во полиција, 77-годишен маж од скопско село пријавил дека бил измамен од едно машко лице за сума од 1300 евра.

Според пријавеното, лицето му се јавило телефонски и му кажало дека неговата ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила неколку лица и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, тој парите ги оставил на договореното место, а откако се слушнал со неговиот зет, сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МВР постојано апелира граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а ако се жртва веднаш да пријават во полиција.

На подрачјето на СВР Скопје изминатиов период регистрирани се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица.

Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици.

Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша женски глас кој бара помош.