Пациентите се категоризираат според потребите за рехабилитација по пожарот во „Пулс“, соопшти Министерството за здравство

Макфакс

08/04/2025

13:52

530

Големина на фонт

а а а

Во моментот се врши категоризација на пациентите според потребите за рехабилитација со цел обезбедување соодветен понатамошен третман на повредените лица по пожарот во Кочани, соопшти Министерството за здравство.

Во болниците во земјата во моментот се хоспитализирани вкупно седум пациенти од повредените лица во трагедијата во Кочани, од кои четворица се хоспитализирани на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, еден на Клиниката за токсикологија и двајца пациенти во приватната болница „Систина“.

Во странски медицински центри остануваат хоспитализирани 64 пациенти.

За денеска во текот на денот се очекува четворица пациенти да се вратат од лекување од болницата „Пирогов“ во Република Бугарија.