Мијатовиќ го предупреди Реал: Загрижен сум за гостувањето во Лондон

Дерби

08/04/2025

13:00

1.528

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид се подготвува за денешното гостување кај Арсенал во Лигата на шампионите, a Предраг Мијатовиќ го предупреди својот поранешен клуб да биде внимателен на „Емирејтс“.

Во своите редовни коментари за „Ел Ларгуеро“, црногорската легенда ја анализирал актуелната ситуација во Реал, зборувал за противникот, но и за статусот на Карло Анчелоти.

– Првиот натпревар со Арсенал ме загрижува само поради една причина.

– Лондонскиот клуб е послаба верзија на најдобриот Манчестер Сити, но се работи за екипа која игра добро и може да создаде многу проблеми за противникот. Тие се во ситуација да немаат што да загубат, а да можат да добијат многу. Првиот натпревар во Лондон е опасен, Арсенал ќе ја форсира својата игра, – вели Мијатовиќ.

Клупската легенда смета дека последните изјави на Карло Анчелоти се потврда дека тој е далеку од спокоен во однос на статусот на „Бернабеу“.

– Не сум убеден дека Анчелоти е мирен, бидејќи ако беше, немаше воопшто да зборува за евентуално заминување кога има уште една година од договорот. Без разлика на освоените трофеи, ниту еден тренер на Реал не може да биде спокоен, такви моменти се случуваат само во периодот после промоцијата или кога ќе биде освоен некој трофеј. Притисокот ве држи буден, Флорентино Перез врши одлична работа од тој аспект, држејќи ги будни тренерот и фудбалерите, – објаснува Мијатовиќ.