„Фамилиите Заеви, Филипче, Мицкоски со заедничка среќна дестинација – бугарски фирми во Петрич“, велат од партијата Левица

Макфакс

08/04/2025

10:08

741

Големина на фонт

а а а

„Фамилиите на Филипче, Заев и Мицкоски имаат свои приватни фирми во бугарскиот град Петрич. На ваков начин, коалицијата ДПМНЕ – СДСМ дополнително е споена од бугарскиот пазар и од тактиките за финансирање на партиите преку странски пари, што е кривично дело“, велат од партијата Левица.

Баџанакот на Мицкоски, Јорданчо Јанев од Струмица, како еден од најблиските соработници на Мицкоски, е сопственик на фирма во Петрич преку која се вртат милиони евра. На адресата на фирмата на Јорданчо во Петрич е регистрирана уште една фирма, чиј сопственик е Дончо Карастоев, прв братучед на баџанакот на Мицкоски.

Венко Филипче има регистрирано фирма за недвижности во Петрич – Бугарија на ул. „Гоце Делчев” бр. 12. На истата адреса се водат и фирми на роднините на Заев, братот и братучедите Вице, Трајче и Бобан Заеви“, соопштуваат од партијата Левица.

„Бугарските газди, роднини на Мицкоски, се јавуваат и како донатори на ДПМНЕ, со илјадници евра уплатени на сметката на партијата и пренасочени на изборни сметки. Наспроти тоа, самопрогласениот патриот Мицкоски, се колнеше дека ќе ја спречи „бугаризацијата“ на Македонија.

Додека СДСМ и ДПМНЕ си делат тендери, функции, „амнестии“ и фирми во Бугарија, Обвинителството ги оправдува, УЈП и Антикорупциската комисија молчат, а парите од македонскиот народ завршуваат во џебовите на домашните предавници со странски интереси“, се додава во соопштението на партијата Левица.