Дали Корејците штотуку ги претставија најубавите автомобилски новитети за оваа година?

Точка

07/04/2025

21:02

5.885

Големина на фонт

а а а

Иако сме дури на почетокот од вториот квартал, со прилична сигурност може да се каже дека оваа година нема да видиме поубави автомобилски новитети.

Се разбира, зад проектот на овие убавци повторно стои "Genesis", луксузниот корејски бренд под капата на "Hyundai". Тие на Саемот на мобилност во Сеул претставија два концептни модели. Веќе самиот факт што не се работи за "SUV" ниту за кросовер модели значи дека половина од работата е завршена. Ако на тоа се додаде дека фантазијата на дизајнерите не застанува на LED светла и екрани, станува јасно зошто сме толку оптимистични.

Без разлика дали зборуваме за "Grand Coupe" или "Gran Convertible", во двата случаи дизајнерите успеале модерно да ја реинтерпретираат класичната форма на автомобилот, комбинирајќи ја со оптимална доза елеганција и напредни технолошки решенија.

Да, тука "LED" светлата и логото на брендот не се во фокусот – наместо тоа, акцентот е ставен на чисти линии преку кои корејските дизајнери постигнале совршена хармонија на четири тркала. И уште поимпресивно е што двата концепта се засноваат на серискиот модел "G90". Дури ни покривот не е пресуден, затоа што суштината на автомобилската привлечност е содржана во гените на овој модел.

Погледот во внатрешноста открива дека проширувањето на калниците, спуштената линија на покривот и сличните интервенции не се направени без концептуална основа. Имено, ентериерот носи медитерански дух преку комбинации на маслинесто зелена и кафена боја.

Секако, користени се најквалитетни материјали, изработката е на врвно ниво, а впечатокот е повеќе од позитивен. Може да се прости и понекој компромис, како што е пренесувањето на управувачот од стандардниот "G90".

На крајот останува надежта дека "Genesis" ќе има храброст да пушти нешто слично во продажба. Нема сомнеж дека потенцијал постои, и покрај актуелните трендови на пазарот кои велат спротивното.