[ФОТО] "Volkswagen" подготвува нов пикап со помош на Кинезите

Точка

07/04/2025

19:16

4.669

Големина на фонт

а а а

Станува јасно колку се тешки времињата во автомобилската индустрија кога дури и еден гигант како "Volkswagen" мора да склопува сојузи за да лансира нов модел на пазарот.

Актуелната генерација на "Amarok" всушност е „препакуван“ "Ford Ranger", што е голема промена во споредба со претходната генерација која беше целосно развиена од "Volkswagen".

Првата генерација сè уште се произведува во Јужна Америка, каде неодамна доби освежен дизајн. Но, наследникот веќе е во подготовка – и нема да биде целосен "VW" проект.


Наместо повторна соработка со "Ford," "VW" ќе ги вгради кинеските гени во својот нов пикап. Извршниот директор на "Volkswagen" во Аргентина, Марселус Пуиг, за "Motor1.com" изјави дека новиот модел ќе се развива во партнерство со кинеската компанија "SAIC Group".

Проектот е вреден 580 милиони долари, а производството ќе се одвива во Аргентина од 2027 година. Стариот "Amarok" ќе остане во понуда до тогаш, а постои можност да се произведува паралелно со новата генерација.


Кинескиот модел на кој ќе се базира новиот "Amarok" во Кина се продава со 2.5-литарски дизел-мотор, како и во целосно електрична верзија со два електромотори.

Сè уште не е познато дали легендарниот "VW V6" дизел ќе може да се вгради под хаубата. Кај електричната верзија, местото за моторот е искористено како преден багажник.


"Amarok" не е единствениот пикап кој "Volkswagen" го нуди во Јужна Америка – тука е и помалиот модел "Saveiro", кој се произведува уште од почетокот на 1980-тите.

Сепак, заеднички развиен пикап не е секогаш гаранција за успех – доволно е да се потсетиме на "Mercedes X-Class", базиран на "Nissan Navara", кој беше повлечен по само три години.


Но, ситуацијата со "Amarok" е поинаква – "VW" и "SAIC" веќе долги години соработуваат во Кина, и се добро координирани во вакви проекти. Тоа е уште поочигледно ако се знае дека новиот пикап ќе користи околу 50% од машините на производната линија на моделот "Taos", иако нема да делат иста механичка платформа.

Новиот "Amarok" исто така не е единствениот пикап со кинеско потекло што го носи ознаката на светски позната марка – на пример, новиот "Ram 1200" е тесно поврзан со "Changan Kaicene F70".