[ФОТО] Освоил „Porsche“ на наградна игра, дивеел – па го уништил

Точка

07/04/2025

17:15

4.093

Големина на фонт

а а а

За многу автомобилски ентузијасти, да се поседува вистински спортски автомобил е сон што трае цел живот. Со оглед на високите цени на модели како "Porsche", "Lamborghini" или "Ferrari", тој сон најчесто останува – само сон.

Но, понекогаш, среќата се насмевнува. Некои навистина добиваат вакво возило бесплатно, преку наградни игри. И токму затоа фрустрацијата е огромна кога ќе го уништите автомобилот што веројатно никогаш не би можеле да го купите самите.

Тоа му се случи на еден млад човек од Невада, пишува "Index.hr".

Од сон до кошмар

Сте слушнале ли некогаш за "Tuner Cult"? Тоа е американска онлајн продавница што нуди облека инспирирана од автомобилската култура – маици, дуксери и слично – но и редовни наградни игри.

Механизмот е едноставен: купувате нешто и автоматски учествувате во извлекување. Дури и ако не нарачате производ, можете да купите дигитален купон за учество (од 50 до 250 долари).

Пред околу седум месеци, "Tuner Cult" организираше наградна игра со главна награда – "Porsche 911" (991) "GT3 RS", во впечатлива "Ultraviolet" боја.

****PRESS RELEASE****


Storey County, NV - on March 28, 2025 a 2016 Porsche Coupe was traveling northbound on SR-341...

Posted by Storey County Sheriff's Office - Nevada on Saturday 29 March 2025


Несреќниот добитник

Среќникот што го доби автомобилот вреден повеќе од 220.000 евра беше 32-годишниот Стивен Дојл од малиот град Фернли, Невада. Но, радоста не траеше долго – тој набрзо го уништи возилото.

Според извештајот на полицијата од округот Стори, Дојл возел по автопат кога дошло до несреќата. Возел со преголема брзина, пребрзо влегол во крива, се обидел да избегне друго возило со нагло свртување, удрил во заштитната ограда и излетал надвор од патот.

Проблемите не завршуваат тука. Дојл не само што го уништил возилото, туку завршил и во притвор. Уапсен е под сомнение за возење под дејство на алкохол, а во себе имал и огнено оружје.

Со автомобилот освоил и 50.000 долари. Но, со оглед на ситуацијата, тешко дека ќе му остане нешто и од таа „среќа“.