Британскиот премиер: Светот каков што го знаевме повеќе не постои

Макфакс

06/04/2025

16:31

1.275

Големина на фонт

а а а

Вo одговор за американските царини, британскиот премиер Кир Стармер рече: „Светот каков што го знаевме повеќе не постои“. Тој најави дека ќе продолжи да се обидува да постигне економски договор со САД за да се избегнат некои од царините, но ја покрена и можноста британската влада директно да интервенира за заштита на националните интереси.

Во статија за Сандеј Телеграф, Стармер изјави дека ќе продолжи да се обидува да постигне трговски договор со САД и најави можна интервенција на државата на пазарот.

„На некои можеби не им е пријатно – идејата државата директно да влијае на пазарот често беше исмејувана. Но, не можеме да се држиме до старите верувања додека светот се менува толку брзо“, рече тој.


Велика Британија беше меѓу земјите погодени од новата основна царина од 10 отсто, со дополнителни царини од 25 отсто за извозот на автомобили, челик и алуминиум. Некои земји се соочуваат со уште повисоки царини кои од 9 април ќе достигнат и до 50 проценти.

Британскиот производител на автомобили „Jaguar Land Rover“ вчера објави дека ги паузира сите испораки во САД додека не ги прилагоди своите операции на новите трговски услови.

Минатата година, Велика Британија извезе речиси 60 милијарди фунти стоки во САД, главно машини, автомобили и фармацевтски производи.