Во странство се лекуваат 68 пациенти по пожарот во „Пулс“, најавени неколку исписи деновиве

Макфакс

06/04/2025

14:51

523

Големина на фонт

а а а

Во моментот во медицинските центри надвор од државата се лекуваат 68 лица, односно еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана и својот медицински третман го продолжува во друга држава каде лицето има здравствено осигурување, информираат од Министерството за здравство.

Најавени се неколку исписи за пациенти за наредниве денови, по финализирање на постапката со протоколите.

Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.

Во клиниките во Скопје се лекуваат 11 пациенти, од кои шест во Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски”, двајца на Клиниката за токсикологија, останува еден пациент на Клиниката за пластична хирургија, каде тројца се испишани на домашно лекување и двајца во ,,Систина”.