MВР со детали за превртениот автомобил кај Волково – возачот е 25-годишен, меѓу тешко повредените и дете

Макфакс

06/04/2025

14:01

1.879

Големина на фонт

а а а

Три лица се тешко повредени, а едно полесно во сообраќајката што се случи вчера на автопатот Скопје-Тетово, во близина на клучката кај Волково.

Според деталите од МВР, автомобилот е од марката „бмв“ со скопски регистарски ознаки управуван од Х.И.(25). Тој излетал од коловозот и се превртел.


Покрај возачот, тешко повреден е и неговиот сопатник Б.Б., но и уште еден малолетен сопатник кои биле пренесени на Комплексот клиники.

Со телесни повреди се здобил сопатникот А.И.(56).

Извршен бил увид.