Полицијата од Куманово поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ф.(19) и З.Ф.(24), двајцата од селото Луке, кривопаланечко, поради убиство.
„На 24 март годинава во селото Луке, кривопаланечко, пријавените се договориле да извршат кражба на нивниот сосед Љ.С. и го намамиле да излезе во дворот, при што првопријавениот го нападнал со остар предмет. Од здобиените повреди, тој починал на местото, по што му одзеле пари и телото го запалиле, додека остатоците ги закопале“, информираа од МВР.
Од судија на претходна постапка на пријавените им е определена мерка притвор.