Премиерот Христијан Мицкоски и членови на Владата денес беа во увид во градежните активности на проектот „Изградба на булевар Видое Смилески Бато – I фаза“, на потегот од Фуштанска до село Порој, во Општина Тетово.
Мицкоски по тој повод изјави дека овој значаен инфраструктурен проект опфаќа изградба на коловоз, разделен појас, тротоари, како и комплетна подземна инсталација, фекална и атмосферска канализација, водовод и електрика.
Булеварот ќе биде долг 1.783 метри, а со првата фаза успешно се реализираат 650 метри.
Заклучи дека ова е уште еден чекор кон модерна, безбедна и урбано уредено Тетово, а Владата се грижи за граѓаните преку реализација на капитални проекти кои значат подобар живот, побезбедна инфраструктура и подобри услови за сите.