Лука Дончиќ најверојатно ја имаше најлошата играчка ноќ откако се пресели во Лос Анџелес, и тоа на натпреварот против еден од најголемите ривали во НБА лигата.
Голден Стејт успеа да победи на гостувањето и си замина со победа од 116:123, а статистичарите не пропуштија да ја потенцираат ужасната вечер која ја имаше големата ѕвезда на „езерџиите“.
За првпат после две години, Дончиќ не погоди ниту една тројка на еден натпревар во НБА лигата, со тоа што на дуелот против Голден Стејт имаше шест обиди за такво нешто. Словенецот имаше разочарувачки шут 6/17 од игра, па по поразот, самиот посочи дека изгледало како да шутира цела ноќ со послабата лева рака.
– Мојата претстава беше неприфатлива, вакво издание е неприфатливо. Кога играм на овон начин, на тимот му е многу потешко да оствари победа, па затоа морам брзо да се освестам и да пронајдам решение.
– Немам ништо сериозно на левата рака, играв со стегач, но се е во ред. Шутирав со десна рака, а не со лева. За жал, овојпат изгледаше како да шутирам со лева….., – изјави резигнираниот Дончиќ.