Касано е убеден: Конте ќе го „шутне“ Наполи, сака победнички проект и ќе се пресели…

Дерби

10/04/2025

15:34

3.246

Големина на фонт

а а а

Антонио Конте од оваа сезона го води калчолигашот Наполи со кого има добри резултати ако земат предвид сите околности и воедно каде клубот беше во претходната кампања.

Наполи е на втората позиција и се бори за Скудетото со Интер, тим кој дефинитивно има најдобар и најсилен состав во Италија. Меѓутоа и покрај овие резултати често се говори за иднината на Конте и дали ќе остане по крајот на натпреварувачката 2024/2025, а еден од оние кој верува дека тука ќе се заврши оваа приказна е Антонио Касано.

- Мислам дека по продажбата на Кваварцхелија, Конте се изнервира. Го давате вашиот најдобар играч и не доведувате замена, она што тој го прави во овој клуб оди подалеку од тоа. Мислам дека без разлика дали ќе го освои Скудетото или не, Конте во јуни ќе ги откачи и ќе замине.

- Наполи имаше неверојатна можност оваа сезона, играјќи само еден натпревар неделно, на врвот на табелата во јануари, можете да направите нешто уште пооголемо од Лучијано Спалети и што правите? Ти го уништуваш, - вели Касано кој посочи каде го гледа Конте.

- Сака само да се пласира во Лигата на шампионите за да добие пари (Аурелио Де Лаурентис). Мислам дека следната сезона Конте ќе бара победнички проект, за да може да се обиде да освои титула. Единствените два клуба кои би можеле да го земат во предвид за мене се враќањето во Јувентус или полудувањето на Рома. Милан исто така може да биде опција, но мислам дека тој сака да оди и да победи таму каде што има висок статус, - порача некогашниот италијански репрезентативец.