Синоќа во 20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Т.(46) од Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава од 52-годишна жена дека ја измамил за сума од 3.000 денари.
Според пријавеното, тој се претставил како полициски службеник и роднина на повредено лице од Кочани, кое било во клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и дека бил сместен во згрижувачки дом на подрачјето на Гази Баба, при што од неа побарал пари за да купи спрејови за роднината.
Како што е пријавено, таа му дала пари, но откако не приложил фискална сметка, сфатила дека била измамена.
Според полицијата, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.