30 дена притвор за членот на обезбедувањето на Мицкоски осомничен за оддавање службена тајна

Нетпрес

01/04/2025

12:56

2.458

Големина на фонт

а а а

Ангел Сарамаков од Велес, полицаец и член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски доби 30 дена притвор.

Сарамаков беше уапсен на паркинг пред хотел во Велес. При претрес на неговото возило бил пронајден ранец со службени материјали од МВР. Дополнителните претреси на повеќе локации резултирале со заплена на електронски уреди, службени документи и други предмети значајни за истрагата.


Осомничениот беше дел од обезбедувањето на Мицкоски по промената на власта. По апсењето, од владата посочија дека истрагата треба да утврди што се случило и дека безбедноста на премиерот не е загрозена.