Јапонското царско семејство прави Јутјуб канал: Еве што ќе можат да гледаат следбениците, но без коментари

Точка

29/03/2025

11:09

1.515

Големина на фонт

а а а

Јапонското царско семејство на 1 април ќе го лансира својот Јутјуб канал, каде што ќе прикажува активности поврзани со царот Нарухито, царицата Масако и другите членови на семејството, пренесуваат јапонските медиуми.

Според најавите, видеата на официјалниот Јутјуб канал ќе вклучуваат, меѓу другото, роденденска прес-конференција на царот Нарухито, како и официјални настани на царот и царицата. Овие содржини веќе се објавуваат на Инстаграм, наведува Кјодо.


Нивниот официјален Инстаграм профил во моментов има околу 1,9 милиони следбеници.


„Сакаме да допреме до што повеќе луѓе. Го правиме тоа така што објавуваме информации на повеќе платформи“, соопштија од царската агенција.


Агенцијата исто така објави дека Јутјуб каналот нема да дозволува оставање коментари, но дека граѓаните можат да ги споделат своите мислења и ставови преку официјалната веб-страница на царското семејство, која беше редизајнирана минатиот месец.