Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез размислува да го продаде Винисиус Жуниор, откако преговорите околу новиот договор на фудбалерот не се мрднати од почетната точка. „Марка“ тврди дека Перез ова му го соопштил на менаџерот на Бразилецот.
Реал, поточно првиот човек на клубит, очекуваше дека лесно ќе се договори со менаџерот на Винисисус, откако побрза да му понуди нов договор, поради интересот од Саудиска Арабија.
„Марка“, објави дека Перез е разочаран од пристапот на Винисиус и неговиот менаџер кога е во прашање новиот договор затоа што бара неверојатни суми пари за да остане во Реал, што на крајот може да му се врати како бумеранг.
Тие наведуваат дека Перез го губи трпението, што покажал на состанокот одржан пред неколку дена со менаџеот на Винисиус и дека дури во еден момент рекол дека ќе го продаде Бразилецот доколку продолжат со своите нереални барања.
Реал Мадрид е фрустриран што преговорите воопшто не напредувале во изминатите неколку месеци и Перез наводно му дал до знаење на Винисиус дека ќе биде продаден на лето доколку наскоро не одлучи дали ќе го продолжи договорот или не.