Томас Тухел неодамна стигна до првите две победи како селектор на англиската репрезентација и се надева дека конечно ќе го прекине постот на „трите лава“ во однос на освојувањето трофеи на големите натпреварувања.
Во обидот да го искоментира назначувањето на Тухел на функцијата, поранешниот менаџер Хари Реднап го нарекол „германски шпион“ за време на хуманитарна манифестација.
– Искрено, мислам дека тој е германски шпион и испратен е тука за да ни го уништи тимот.
– Тој е како Лорд Хо-Хо за време на војната, – рекол Реднап, алудирајќи на Вилијам Бојд, кој бил главен пропагандист на нацистите во Британија за време на втората светска војна.
Интересно, откако изјавата стана топ тема на островот, „ОПТА“ излезе со статистика дека Реднап немал ниту германски фудбалер на 641 премиерлигашки натпревар на кој бил тренер во кариерата.