Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјавил дека рускиот претседател Владимир Путин „наскоро ќе умре“, откако повторно кружат шпекулации дека рускиот лидер е во лоша здравствена состојба.
„Тоа е факт и сè ќе биде готово“, додал Зеленски, наведувајќи дека рускиот лидер се надева „дека ќе остане на власт до својата смрт“.
За време на овонеделното интервју, Зеленски, исто така, тврдел дека Путин се обидува „да ја погоди Европската унија одвнатре“, алудирајќи на повеќе членки на блокот пријателски настроени кон Русија, како што е Унгарија.
Според украинскиот претседател, амбициите на Путин не се ограничени само на Украина, туку може да доведат до „директна конфронтација со Западот“.
Истовремено, тој посочил дека е клучно тоа САД да не го оттргнат рускиот претседател Владимир Путин од политичка и економска изолација.
Зеленски ги повика САД и Европа да останат обединети во вршењето притисок врз Путин. Рускиот лидер се плаши од европско-американскиот сојуз и се надева дека ќе го раскине, рекол Зеленски.
President Zelensky: Putin will die soon, that is a fact, and everything will be over.pic.twitter.com/fQfRp7O1ui
— Republicans against Trump (@RpsAgainstTrump) March 27, 2025
„Многу е важно Америка да не му помогне на Путин сега да излезе од глобалната изолација“, рекол Зеленски за време на посетата на Париз. „Мислам дека ова е опасно. Ова е едно од најопасните времиња.“
Зеленски зборувал дека ограничениот прекин на огнот во Црното Море е „секако чекор кон завршување на војната“, но ја истакнал посветеноста на Украина за целосен прекин на непријателствата. „Генерално, бевме подготвени за целосен прекин на огнот“, изјавил тој за француските медиуми на панел интервју.
Украинскиот претседател, исто така, изразил надеж дека САД ќе останат „силни“ наспроти руските барања за укинување на санкциите како услов за прекин на огнот во Црното Море.
Зеленски, исто така, бил запрашан дали САД ќе се спротивстават на рускиот притисок, на што тој одговори: „Се надевам дека е така. Бог ги благослови, ќе сакаат. Но, ќе видиме“.
Тој потоа рекол дека е „многу благодарен“ за поддршката на САД, но и дека се плаши како некои се „под влијание на руските наративи“, со кои Украина не може да се согласи. На прашањето дали американскиот претседател Доналд Трамп има поблиски односи со него или со рускиот претседател Владимир Путин, Зеленски одговорил дека не знае. „Не знам, тешко ми е да кажам … Не знам во какви односи се, не знам колку разговори имал“, додал тој. Украинскиот лидер бил прашан и за коментарите на пратеникот на Трамп за Украина, Стив Виткоф, кој во минатонеделното интервју ги отфрли напорите на Европа да создаде „коалиција на подготвени“ да ја поддржат Украина.
Како одговор, Зеленски рекол дека нема да „суди набрзина“, но дека знае дека има искуство во купување недвижен имот и дека „ова е нешто друго“.
Тој исто така рекол дека Европа била „значително зајакната“ за време на војната.
Новинар на Би-би-си го прашал како мисли дека ќе остане запаметен во историските книги: како човекот кој ја спасил Украина или како човекот кој дозволил да падне?
„Не знам што ќе пишува за мене во историските книги. Тоа не е мојата поента или цел“, изјавил Зеленски, наведувајќи дека неговата цел е да ја брани Украина и да ги види неговите деца како „шетаат по улиците без да се кријат“.
„Ќе направам сè што можам до крајот на моите денови за да ја бранам Украина колку што можам повеќе“, додал тој.
За тоа дали на Украина треба да ѝ се дозволи да се приклучи на НАТО, Зеленски кажал дека неговата „тврда“ нација ќе ја зајакне алијансата, иако тој напомнал дека администрацијата на Трамп го отфрлила членството на Киев.