Марија Шрајвер, поранешната сопруга на холивудската акциона легенда Арнолд Шварценегер, отворено прозборе за нивниот болен развод во нејзината нова поетска книга „I Am Maria“.
Како што откри „People“, во еден дел од книгата, новинарката и авторка напишала дека нејзиниот 25-годишен брак со актерот од Терминатор „експлодирал“ во 2011 година, кога Арнолд признал дека има дете со нивната куќна помошничка Милдред Баени.
„Ми го скрши духот“
„Ми го скрши срцето, ми го скрши духот, скрши сè она што остана од мене“, напишала Шрајвер.
Таа додала дека во книгата не чувствува потреба подлабоко да навлегува во разводот: „Многу се пишуваше за распадот на мојот брак и искрено, не чувствувам дека би требала да расправам за тоа овде или каде било друго“.
Таа седела на подот од хотелската соба и плачела
Шрајвер (69) исто така ги пофалила своите деца – Кетрин (35), Патрик (33) и Кристофер (31) – за начинот на кој се справиле со семејната криза. „Сè што е поврзано со нивниот свет и нивниот свет дом во кој се чувствувале безбедно за еден момент се распадна““, напишала Марија, додавајќи дека тие покажале „милост, храброст и смелост“ во текот на целиот процес на разводот.
Таа признала и дека во тие моменти се чувствувала обземена од тага, збунетост, лутина, страв и вознемиреност и дека повеќе не знаела која е и каде припаѓа. „Искрено, беше брутално и бев преплашена“, напишала Шрајвер, опишувајќи ги моментите кога седела сама, во темнината, на подот од својата хотелска соба и плачела. „Марија, ова не мора да биде твојот крај, си помислив тогаш“.
Тие официјално се развеле во 2021 година
Иако таа поднела барање за развод во јули 2011 година, разводот бил официјално финализиран дури во декември 2021 година. Шварценегер го добил синот Џозеф Баени (27), во 1997 година со Милдред Баени додека бил во брак со Марија. Сепак, таа не знаела за неговото постоење сè до 2011 година, кога Арнолд ѝ признал сè за време на брачното советување.
Актерот и поранешен гувернер во 2023 година отворено прозборел за тој период во неговиот документарец „Арнолд“ на Нетфликс. „Морав да отидам кај моите деца и да им објаснам. Причината поради која не сакав да зборувам за тоа е затоа што секогаш кога ќе го направам тоа, тоа повторно ги отвора старите рани. Мислам дека му нанесов доволно болка на моето семејство поради мојата грешка“, рекол тој.