Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари

Дерби

25/03/2025

10:54

1.830

Големина на фонт

а а а

Во преносот од трката за Големата награда на Кина беше понудена радио конверзација на Хамилон со својот инженер во која главна тема беше да се пропушти Шарл Леклер.

Дијалогот сугерираше дека инженерот на Хамилтон бара од него да го пропушти Моначанецот, по што седумкратниот првак го упатува дека овој треба да му се приближи, како и дека самиот тој ќе каже кога ќе се тргне.

Ова предизвика шпекулации за употреба на тимски правила во италијанскиот тим, што понатаму се пренесе и во шпекулации за позицијата на Британецот и за неговиот однос со личниот инженер.

Тимскиот шеф Фредерик Васер откри дека Луис Хамилтон бил тој што понудил да го отстапи местото, бидејќи имал проблеми и ја губел брзината.

– Верувам дека ова е шега од ФОМ (компанијата што стои зад тв преносите – з.а.), бидејќи првиот повик дојде од страна на Луис. Тој ни понуди да ги сменат местата, но за да се создаде шоу, за да се креира мешаница, беше емитуван само вториот дел од дијалогот. Ќе го дискутирам тоа со нив,- изјави Васер по кинеското гран при.

Портпаролот на компанијата ја отфрли тезата дека ваквиот расплет бил планиран.

– Не постоеше никаква намера во презентирање на наратив кој ќе доведе до погрешно мислење. Поради други ситуации кои се случуваа за време на трката, првиот дел од пораката на Луис не беше емитуван, но тоа не беше намерно.

Васер потврди дека односот меѓу возачите, како и односот на Хамилтон со неговиот тркачки инженер дека се во најдобар ред.