Регистриран земјотрес со јачина од 6,7 степени: зградите се нишаа, издадени предупредувања за жителите на Нов Зеланд

Макфакс

25/03/2025

08:14

573

Големина на фонт

а а а

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот остров на Нов Зеланд, соопштија локалните власти.

Според соопштението, земјотресот бил на длабочина од 33 километри, на околу 160 километри северозападно од островот Снарес.


Жителите на регионите Саутленд и Фиордленд се предупредени да се држат настрана од плажите и морските области бидејќи силните струи може да претставуваат опасност, соопшти Националната агенција за управување со вонредни состојби, пренесува Ројтерс.

Повеќе од 4.700 луѓе го почувствувале земјотресот, соопшти владината сеизмолошка агенција, додека новозеландските медиуми објавија дека паѓаат предмети и се нишале згради.

Националното биро за метеорологија на Австралија соопшти дека нема закана од цунами за копното, островите или териториите.

Нов Зеланд се наоѓа на пацифичкиот „огнен прстен“, појас на сеизмички раседи во Тихиот Океан каде земјотресите и вулканите се вообичаени, соопшти агенцијата.