Дали Џенифер Анистон на 56 години најде нова љубов – и тоа во омилениот холивудски заводник на денешницата? Ако треба да судиме според ексклузивните папарацо фотографии на кои ги гледаме пред ресторанот по вечерата, можеме да претпоставиме дека среќата во љубовта конечно ѝ се насмевнала на познатата актерка и ѝ ги надоместила сите преживеани емотивни бродоломи.
Џенифер Анистон и Педро Паскал предизвикаа вистинска лавина од коментари откако беа забележани заедно на вечера во Западен Холивуд. Ѕвездите го напуштиле луксузниот објект „Sunset Tower Hotel“ по тричасовната вечера и за време на нивниот разговор надвор од ресторанот изгледале многу блиски и опуштени.
Актерката блескала во елегантна, а толку едноставна комбинација – носела темни фармерки, бела маичка и црн елек, додека нејзината препознатлива руса коса била совршено стилизирана. Лежерно бил облечен и Педро Паскал, ѕвездата на филмот „Gladiator II“, кој за оваа прилика облекол вистинска машка класика – сини фармерки и црна јакна, а во еден момент од разговорот ставил дури и очила и дал дополнителен придонес за својот фраерски стил.
Jennifer Aniston with Pedro Pascal having dinner!? Am i dreaming!? Please pic.twitter.com/JvG4MoXOOu
— CarolMatos (@jenanistoworld) March 23, 2025
„Ова е космичка врска, мора да биде вистинска“
Нивната средба веднаш предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Воодушевените обожаватели пишуваа коментари како: „Џенифер Анистон и Педро Паскал … Го сакам ова и го поддржувам!“, „Дали сонувам или Џенифер и Педро вечераа заедно!? Ова мора да биде реално!“
Некои отидоа чекор понатаму и велеа дека нивната врска ќе биде вистинско „космичко чудо“, додека други шпекулираа дека можеби станува збор за деловна вечера.
There’s nothing to see here.
— Wolkensoufflé (@wolkensouffle) March 24, 2025
Or is there? 😉
Jennifer Aniston seen leaving dinner date with hunky Pedro Pascal in West Hollywood | Daily Mail Online https://t.co/JaYkivoKeG
Шпекулациите ги подгрева фактот што омилената „пријателка“ и нејзината колешка Рис Витерспун неодамна го поканија Педро да им се придружи во претстојната сезона на популарната серија „The Morning Show“. За време на едно интервју на доделувањето на наградите „Critics Choice“, Џенифер директно му го постави прашањето: „Дали сакаш да глумиш во серијата?“, на што Педро со насмевка одговори: „Ако спијам со сите во серијата – се согласувам!“
Инаку, серијата неодамна го заврши снимањето на четвртата сезона, а публиката веќе е нетрпелива да види кое ќе биде новото лице во следните епизоди.
„Врската“ протече во јавноста по венчавката на нејзиниот поранешен сопруг
Интересно е што сè се случува набргу откако беше откриено дека поранешниот сопруг на Анистон, Џастин Теру (53) тајно се оженил со својата триесетгодишна девојка, што дополнително го насочи вниманието на медиумите кон љубовниот живот на познатата актерка.
Без разлика дали се работи за нова романса или деловна соработка, едно е сигурно – фановите ја обожуваат идејата на Џенифер Анистон и Педро Паскал во ист животен или филмски кадар.