Корисниците на "Google Maps" претходно овој месец пријавуваа дека им исчезнуваат податоците од "Timeline".
Неколку недели откако некои корисници забележаа дека нивниот "Timeline" е избришан и повеќе не можат да пристапат до местата што ги посетиле, "Google" сега потврди дека дел од податоците навистина се избришани – а во некои случаи, не можат да се вратат.
Во изјава за "The Verge", портпарол на "Google" изјави: „Имавме технички проблеми кои привремено доведоа до бришење на "Timeline" податоците кај некои корисници.“
Само корисниците кои ја имале вклучено опцијата за "backup" можат да ги повратат своите "Timeline" податоци, се наведува во соопштението.
Зошто се случи овој проблем?
"Google" неодамна го промени начинот на складирање на "Timeline" податоците, префрлувајќи ги директно на уредите на корисниците, наместо во "cloud".
Опцијата за "backup" не е автоматски вклучена, што значи дека корисниците треба рачно да ја активираат.
За да го направат тоа, потребно е да отидат во "Your Timeline" во апликацијата "Google Maps" и да ги ажурираат поставките со притискање на "cloud" иконата.
Што значи ова за корисниците?
Овој инцидент доведе до тоа многу корисници да изгубат години складирани податоци за својата локациска историја, кои сега не можат да ги вратат.