Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити остварија раст од 11,1%, во поголем дел поради растот на депозитите на „домаќинствата“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор, соопшрија од Нардона банка.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 11,5% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.
„Во февруари 2025 година, паричната маса (монетарниот агрегат М31,2) оствари месечен раст од 0,2%, под влијание на зголемените депозитни пари и долгорочните депозити до две години, додека краткорочните депозити и готовите пари во оптек бележат намалување. Годишниот раст на паричната маса изнесува 9,2% и пред сè произлегува од повисоките депозитни пари и долгорочните депозити до две години, при помал позитивен придонес и на готовите пари во оптек и краткорочните депозити.
Вкупните депозити, во февруари, се зголемени за 0,4% на месечна основа, во целост како резултат на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, во услови на пад на депозитите на корпоративниот сектор. Споредено на годишна основа, забележан е раст од 11,1%, поради зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес кон растот на депозитите на секторот „домаќинства““, посочуваат од Народната банка.