Мајкл Џордан ја отворил четвртата клиника за луѓе кои не можат да го платат лекувањето

Точка

24/03/2025

10:53

6.124

Големина на фонт

а а а

За многумина најдобриот кошаркар во историјата, Мајкл Џордан уште еднаш покажал дека е еден од најголемите добротвори меѓу милијардерите.

Џордан „тежи“ околу три милијарди долари, но тие пари несебично ги дели со другите и веќе донирал неколку стотици милиони долари во хуманитарни цели.


Мајкл е роден во Бруклин во 1963 година, а неговото семејство во 1968 година се преселило во Вилмингтон, кој го нарекува свој роден град и затоа пред една година таму отворил клиника за луѓе кои немаат осигурување и не можат да си ги дозволат високите трошоци за лекување.

Проектот добил толку многу позитивни повратни информации така што Џордан продолжил да гради клиники, а неодамна ја отворил четвртата.


Најновата семејна клиника „Michael Jordan“ располага со 12 соби за пациенти и се простира на вкупна површина од 678 метри квадратни, а несомнено е дека сограѓаните на Џордан му се исклучително благодарни на легендарниот кошаркар што на ваков начин се грижи за нив.