Македонија дојде до посакуваниот резултат против Лихтенштајн во првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Македонската репрезентација славеше со 3-0 со головите на Александар Трајковски, Висар Муслиу и Бојан Миовски.
Погодокот на напаѓачот на Џирона влезе и во радарот на УЕФА, па е во одбрано друштво за најдобрите на првото коло.
🇲🇰Job 𝗗𝗢𝗡𝗘! Се гледаме во вторник на Националната арена “Тодор Проески” #НапредМакедонија 🇲🇰#ГордиПодСонцето ☀️#ХрабриВоСрцето ❤️
Posted by Фудбалска Репрезентација на Македонија on Saturday, March 22, 2025
Дефанзивецот Бојан Илиевски испрати супер топка со надворешна, а таму одлично ја сочека Бојан кој ја смести во мрежата на домашната селекција.
За голот на Бојан можете да гласате на следниов ЛИНК.