[ВИДЕО] Жителите на Нови Сад му оддадоа почит на Вукашин, 16-та жртва од уривањето на железничката станица

Макфакс

21/03/2025

21:01

797

Големина на фонт

а а а

Жителите на Нови Сад вечерва се собраа да му оддадат почит на 18-годишниот Вукашин Црнчевиќ, 16-та жртва од уривањето на настрешницата на железничката станица.

Вукашин, кој беше тешко повреден при уривање на настрешница на Железничката станица во Нови Сад, почина по четири месеци и 20 дена борба за живот, станувајќи 16-та жртва на трагедијата што со месеци предизвикува протести на студентите и граѓаните во Србија.



„И покрај сите преземени мерки за лекување и максималната посветеност на персоналот на ВМА, пациентот им подлегна на сложените повреди и последователните компликации. Упатуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатиот“, соопштија од Воено медицинската академија.