Фиренца ги забрани кутиите за клучеви при „Airbnb“ поради „вишокот“ станови: „Практичен, но ризичен начин на сместување“

Точка

21/03/2025

19:50

987

Големина на фонт

а а а

Туристичката сезона сè уште не е официјално започната, а веќе почнаа проблемите околу сместување во едни од најатрактивните дестинации. Од оваа сезона и Фиренца се приклучи на државната забрана за издавање соби и апартмани каде што гостите сами се сместуваат.

Имено Фиренца, официјално ги забрани кутиите за клучеви кои ги преплавија сите туристички градови од крајот на февруари.

До сега гостите резервирале сместување преку една од платформите за изнајмување, добивале шифра за кутијата со клучеви која е сместена веднаш до влезната врата на изнајмениот апартман и самите влегувале во сместувањето, без контакт со домаќинот и на ист начин ги враќале клучевите кога ќе заминат, но од оваа сезона тоа повеќе нема да финкционира.


Со својата одлука Фиренца им се придружи на другите италијански градови кои на различни начини се обидуваат да се изборат со негативните нуспојави од масовниот туризам, од недостигот на станови за поволни цени за локалните жители и уништувањето на историски знаменитости, до лошото однесување на туристите.

Како што најави градоначалничката на Фиренца, Сара Фунаро, сите такви кутии ќе бидат отстранети. Најпрво оваа опција им беше оставена на сопствениците на сместувањето, но потоа градските власти преземаа мерки, па секој што нема да ги отстрани кутиите за клучеви ќе добие парична казна.

Казните може да достигнат и до 400 евра по кутија, а ќе бидат испратени и до платформите за резервации како „Airbnb“. Патем, ова е составен дел од планот од десет точки на Фиренца за борба против надтуризмот, кој беше објавен на крајот на минатата година.

Фиренца и нејзините околу 400.000 жители со години се соочуваат со станбена криза, пред сè поради изнајмување станови на туристи, но и поради големите компании кои купуваат голем број имоти и ги претвораат во соби и апартмани.


Минатата година Фиренца ја посетиле 11 милиони луѓе, а град со таква големина едвај се справува со толкав број на туристи. Долгите редици на сите историски и туристички места, метежот во рестораните, продавниците и јавниот превоз станаа секојдневна појава, а локалните жители сакаат да го спречат тоа.

Притоа, многу експерти посочуваат дека проблем не се туристите кои самите доаѓаат во становите, туку станодавците и купувачите на инвестиции во недвижности. Забранувањето на кутиите за клучеви нема да го реши тој проблем, но тоа е сигнал дека градот сака да ја врати контролата.

Постои уште една причина за забрана на кутии за клучеви што не е толку очигледна на прв поглед, а тоа е заканата од тероризам.

Колку и да им изгледа практично на патниците, овој начин на влегување во сместување без никаков надзор во денешниот свет претставува безбедносен ризик.


Оваа форма на пријавување ја сакаат и туристите и домаќините, бидејќи нема бескрајно чекање на едната или на другата страна. Секој турист на кој му доцнел летот се нашол во една таква ситуација.

Сега домаќинот, без разлика дали е вистинскиот сопственик или вработен во агенцијата за сместување, ќе мора да се сретне со гостите за да им ги предаде клучевите, да ги провери и да ги копира нивните документи за регистрација.

Градските власти велат дека немаат намера да го загрозат туризмот и велат дека успехот на туризмот го ценат како бизнис. Сепак, тие сакаат да го контролираат за секој да може вистински да ужива во Фиренца. Тие, исто така, сакаат да донесат повеќе приходи во градот за да соберат пари за јавни услуги, да ги поддржат младите семејства кои изнајмуваат станови или вложуваат во јавни површини