16 Март (недела) ќе се памети како најцрниот ден од постоењето на независна Македонија. Црни облаци го надвјасаа ова парче земја, болката никогаш нема да помине, а за закрепнувањето ќе треба многу, многу време.
Црни облаци го надвјасаа ова парче земја, болката никогаш нема да помине, а за закрепнувањето ќе треба многу, многу време.
Изгубивме млади животи, згаснаа насмевките и радоста. Поминаа 6 дена, а тагата и молкот се наши верни сопатници.
Меѓу бројните познати личности кои се огласија повод пожарот во Кочани, е и музичарот Никола Перевски – Пере од „Нокаут“.
Засегнат, како и сите нас, уметникот уметниците. Никола Перевски – Пере од „Нокаут“, трогнат од оваа трагедија преку објава на неговиот инстаграм-профил сподели емотивната поема во која ги искажа сите негови емоции – болка, гнев, немоќ, но и апел за оваа жртва не биде залудна. Да го најдеме човекот во сите нас, таму некаде длабоко заспан.
Дека тагата ги создава најдобрите стихови, сведочи и поемата на Пере. Ви ја пренесуваме во целост.
„Ќути кога боли
Луѓето знаат да гледаат.
Знаат да гледаат директно
во туѓата несреќа. Да кликнат,
да коментираат.
Да се насладуваат на туѓиот пекол
додека грицкаат нешто мрсно од ќеса.
Но, знаеш што не знаат?
Да молчат кога е потребно.
Да ја спуштат главата кога не знаат,
кога немаат поим.
Да се тргнат настрана кога болката не е нивна.
Да ги остават луѓето да ги закопаат своите деца
без блиц, шепоти и евтини анализи.
Не барам чуда.
Не барам свет
без врева.
Барем за тие неколку дена,
Бидете луѓе.
Не таблоиди.
Не ловци на туѓа трагедија.
Не доктори за се и сешто.
Само луѓе.
Со душа, ако ни остана.
Затоа што ако го прокоцкаме и тоа –
Нема ни што да се свири веќе“.