[ВИДЕО] Селена со свршеникот Бланко го објави првиот заеднички албум: Оваа песна привлече особено внимание

Точка

21/03/2025

18:21

775

Големина на фонт

а а а

Селена Гомез и нејзиниот вереник Бени Бланко објавија уште една песна од првиот заеднички албум „I Said I Love You First“.

Иако насловот „Younger And Hotter Than Me“ (Помлада и пожешка од мене) сугерира дека се пее за поранешниот партнер кој продолжил понатаму но со помлада девојка, Селена и Бени велат дека песната има многу подлабоко значење.

„Кога си млад и славен, луѓето те обожаваат, сите тие сакаат парче од тебе. А потоа, со текот на времето, сите наоѓаат нешто ново, некој друг. И стануваш малку изгубен, се прашуваш дали ќе почнеш ново поглавје во животот или ќе исчезнеш во заборав. Тоа е огромен притисок, особено кога си дете“, изјавил Бени по снимањето.

Селена неодамна проговори за растењето пред камери и многу добро разбира што се зборува во песната. На десетгодишна возраст, таа се појави во детското шоу „Барни и пријателите“, а потоа стана ѕвезда на серијата на Дизни „Волшебникот од Вејверли Плејс“.

Во неодамнешното интервју за „ЕЛ“ за изданието Жени во Холивуд 2024, таа зборуваше за своите искуства додека растеше пред камерите.

„Не жалам. Моите родители поставија граници и јас сум благодарна за тоа. Но, да можам да бирам сега, веројатно немаше да почнам толку рано. Се чувствував како да сум заглавена. Целиот овој притисок не ми помогна да развијам чувство за себе во моите дваесетти. Тоа беше тежок период за мене и секој ден го носам со себе. Денес се трудам да гледам на позитивното, да работам на работи кои ме исполнуваат. Но, кога би му дала совет на некого, би рекла: „Чекај малку, живеј го животот пред тоа“, изјавила 32-годишната пејачка.


Новата песна е дел од заедничкиот албум на Селена и Бени, „I Said I Love You First“, а Селена сподели на Инстаграм колку и значи.

„Помлада и пожешка од мене е особено важна за нас“, напиша таа.

Албумот беше објавен истовремено со новата песна, а претходно го објавија заедничкиот сингл „Scared of Loving You“.

Албумот содржи вкупно 14 песни:

• I Said I Love You First;

• Call Me When You Break Up;

• Ojos Tristes;

• Don’t Wanna Cry;

• Sunset Blvd;

• Cowboy;

• Bluest Flame;

• How Does It Feel To Be Forgotten;

• Do You Wanna Be Perfect;

• You Said You Were Sorry;

• I Can’t Get Enough;

• Don’t Take It Personally;

• Scared od Loving You.


Бланко и Гомез ја објавија свршувачката во декември, една година откако јавно ја потврдија врската. Бланко е познат продуцент кој има работено со музичари како Ед Ширан, БТС, Еминем, Џастин Бибер, Халси, Кети Пери, Кристина Агилера, Кеша, Бритни Спирс, Ријана, Сиа, „The Weeknd“, Канје Вест, Авичи, Чарли Пут, Виз Калифа, Џеј Гранд Балвин, Аријана Гранде и „SZA“.


Тој претходно соработувал со Гомез на „Single Soon“ од 2023 година и „I Can't Get Enough“ од 2019 година. На прашањето за нејзината врска во интервју за насловната страница во ноември 2024 година за „Холивуд Репортер“ , Гомез изјавила: „Никогаш не сум се чувствувала посигурна во врска и гледам иднина со оваа личност“.