Калафиори пролизга на „Сан Сиро“ и ги загрижи фановите на Италија и Арсенал

Дерби

21/03/2025

15:09

845

Големина на фонт

а а а

Италијанците вчера доживеаја пораз со пресврт од Германија пред своите фанови на „Сан Сиро“, а дополнителен проблем за селекторот Лучијано Спалети може да биде и евентуалната повреда на Рикардо Калафиори.

Бекот на Арсенал пролизга незгодно во завршницата од средбата и доби лекарска интервенција, загрижувајќи ги фановите не само на „азурите“, туку и на неговиот клуб.

Калафиори се обиде да ја промени насоката на движење и се најде на тревата со незгодна положба на нозете, по што веднаш се пожали на болка на проблематичното лево колено.

Селекторот Спалети по натпреварот не можел да сподели повеќе информации за потенцијалниот проблем, но она што загрижува е што Калафиори веќе имаше потешка повреда на истото колено додека беше член на Рома.

– Ми кажа дека го чувствува чудно левото колено, но немам поконкретна информација, – изјавил Спалети.