Објавена листата на најсреќни земји во светот: На кое место се наоѓа Македонија?

Точка

20/03/2025

16:47

3.170

Големина на фонт

а а а

Финска осми пат по ред е прогласена за земја со најсреќна популација во светот, според Светскиот извештај за среќа, објавен денеска по повод Меѓународниот ден на среќата.

Извештајот бил заеднички спроведен од истражувачи од организацијата Галуп, Центарот за истражување на благосостојба на Универзитетот во Оксфорд и иницијативата на ОН за одржливи решенија за развој, а анализиран бил периодот од 2022 до 2024 година.


Како и претходните години, на листата на најсреќни земји доминираат нордиските земји. Веднаш зад Финска се Данска, Исланд и Шведска, а Норвешка се најде на седмото место.

Холандија се врати во првите пет, додека Костарика (6-то место) и Мексико (10-то место) за првпат влегоа во топ 10.

Меѓу првите 20 се и Словенија, Швајцарија, Белгија и Австрија.


Германија се искачи од 24-то на 22-то место, додека САД паднаа за едно место на 24-то, што е нивната најлоша позиција досега.

Франција, Шпанија и Италија се рангирани меѓу 30-то и 40-то место.

Македонија е на 86-то место, а пред нас се сите земји од регионот. Словенија го зазеде 19-то место, Хрватска (72), Србија (31), Босна и Херцеговина (56), Косово (29) и Црна Гора (71).


На листата има вкупно 147 земји, а Авганистан се најде на последното место.

Истражувачите кои ја проучуваат среќата истакнале неколку клучни фактори кои генерално влијаат на среќата на луѓето, вклучувајќи ја социјалната поддршка, приходите, здравствената сигурност, личните слободи и перцепциите за корупција.