Здравјето на Елтон Џон се влошува – Веќе не може да потпишува автограми

Точка

18/03/2025

13:34

836

Големина на фонт

а а а

Елтон Џон (77) веќе не може нормално да потпишува автограми поради влошената здравствена состојба, пренесе „Daily Mail“. Пејачот кон крајот на минатата година откри дека го загубил видот поради инфекција на окото, а сега состојбата му се влошила до тој степен што морал да си го поедностави потписот.

Обожавателите кои го купиле лимитираното издание на неговиот нов албум „Who Believes In Angels?“ биле предупредени дека потписот на Елтон веќе не е ист. Наместо името и презимето, пејачот сега се потпишува со почетната буква Е и „х“ што означува бакнеж.


Сепак успеал да го заврши албумот

Поради екстремно оштетениот вид, Елтон не бил сигурен дали ќе успее да го заврши споменатиот албум. Но, се чини дека сепак успеал, бидејќи според досегашните извештаи, албумот треба да излезе на 4-ти април. На него музичарот соработувал со пејачката Бренди Карлил, со која го изведе и истоимениот сингл, најавувајќи го албумот.

Потсетуваме, на почетокот на декември 2024 година, музичарот ја изненади публиката во „Dominion Theater“ во лондонскиот Вест Енд кога рече дека го изгубил видот по тешката инфекција на очите. „Како што некои од вас можеби знаат, имав проблеми и сега го изгубив видот. Не можев да ја гледам изведбата, но уживав додека ја слушав“, им рекол Џон на насобраните по хуманитарниот настап на мјузиклот „The Devil Wears Prada“.


„Закрепнувањето трае“

За проблемите со видот пејачот зборувал и претходно. Во една изјава тој напиша дека „закрепнувањето трае“, и дека сè оди бавно како и дека ќе биде потребно многу време „пред да му се врати видот на заболеното око“. Претходно за „Good Morning America“ тој истакна дека веќе четири месеци не гледал ништо: „И левото око не ми е во најдобра состојба, па има надеж и охрабрување дека ќе биде подобро, но засега, за жал, сум во мирување“.