Вештачката интелигенција што целосно ќе им парира на луѓето доаѓа во следните 5 до 10 години

Точка

18/03/2025

11:59

715

Големина на фонт

а а а

Пред системите на вештачка интелигенција да достигнат човечко ниво, останува уште многу истражувачка работа.

Вештачката интелигенција што ќе може да парира на луѓето во сите сегменти сè уште е далеку, но само е прашање на време кога ќе стане реалност, изјави извршниот директор на "DeepMind", Демис Хасабис.

Тој смета дека вештачката општа интелигенција (AGI) – која би била попаметна од луѓето – ќе почне да се појавува во следните пет до десет години, пренесе "CNBC".


Патот кон "AGI" – иднината на вештачката интелигенција

„Мислам дека денешните системи сè уште се многу пасивни и има многу работи што не можат да ги направат. Но, верувам дека во следните неколку години тие способности ќе почнат да излегуваат на виделина и дека ќе се движиме кон она што го нарекуваме општа вештачка интелигенција (AGI)“, изјави

Хасабис, кој ја води британската компанија за развој на вештачка интелигенција.

Тој го дефинира "AGI" како „систем што е способен да ги демонстрира сите сложени способности што ги имаат луѓето“.

„Сè уште не сме сосема на тоа ниво, иако денешните системи се импресивни во одредени области. Сепак, постојат работи што сè уште не можат да ги направат, а пред нас има уште многу истражувања“, додаде тој.


Поделени мислења околу брзината на напредокот

Хасабис не е единствениот кој смета дека ќе биде потребно повеќе време за "AGI" да стане реалност.

Минатата година, извршниот директор на кинескиот технолошки гигант "Baidu", Робин Ли, изјави дека верува оти ќе бидат потребни повеќе од 10 години за да се достигне "AGI", отфрлајќи ги оптимистичките предвидувања на некои од неговите колеги, кои веруваат дека тоа ќе се случи многу побрзо.

Сепак, прогнозата на Хасабис значително ја намалува временската рамка за појава на "AGI", во споредба со очекувањата на другите експерти во индустријата.

Извршниот директор на стартапот "Anthropic", Дарио Амодеи, во јануари на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, предвиде дека ќе се појави облик на вештачка интелигенција што ќе биде подобра од речиси сите луѓе во скоро сите задачи – и тоа во следните две до три години.