Радев: Бугарија може да прифати уште повредени од Кочани

Макфакс

18/03/2025

11:03

227

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Бугарија, Румен Радев изрази сочувство до роднините на загинатите во Кочани, пренесе БГНЕС.

Шефот на Бугарија се потпиша во книгата на жалост во Амбасадата на Република Северна Македонија.

Тој најави дека Бугарија може да прифати повеќе пациенти доколку на Скопје му треба поголема медицинска помош.

„Бугарија е подготвена и ќе продолжи да помага за се што е потребно. Во моментов чекаме македонската страна да одлучи дали има потреба од преземање на уште 10 жртви од трагедијата. „Спартан“ и медицинските екипи се во готовност, па ќе пружиме помош“, најави Радев.

Оваа трагедија покажува дека луѓето од двете страни на границата можат и мора да се потпираат еден на друг, но не само во вакви денови како денешните, туку заради нашата заедничка европска иднина, заклучи претседателот на Бугарија.

Денеска е Ден на национална жалост во Бугарија, во спомен на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Животот го загубија 59 лица, над 155 се повредени.