Само во првите два часа над 120 луѓе дарувале крв за повредените во трагедијата во градот Кочани, објави БГНЕС.
Бугарскиот Црвен крст, Националната болница за превенција и контрола на заразни болести „Н.И. Пирогов“ и Националниот центар за трансфузиона хематологија започнаа крводарителска акција за повредените млади од Македонија во трагичниот настан во градот Кочани.
До крајот на неделата на паркингот на болницата Пирогов ќе има шатор каде медицинските лица од Пирогов и волонтери ќе ги пречекаат оние кои сакаат да даруваат крв за повредените млади.
Роднините на жртвите ќе добијат психосоцијална поддршка доколку е потребно и друга помош по потреба на терен, известуваат бугарските медиуми.
На 16 март во пожар во дискотеката „Пулс“ во градот Кочани загинаа 59 лица, а 155 беа повредени. 14 од жртвите во трагедијата моментално се сместени во бугарските болници.
„Во Бугарија денеска е прогласен Ден на национална жалост во знак на солидарност со нашите браќа Македонци“, објави БГНЕС.