Денеска во БиХ е ден на жалост поради трагедијата во Македонија

Макфакс

18/03/2025

09:24

257

Големина на фонт

а а а

Во Босна и Херцеговина денеска е ден на жалост поради трагедијата во Северна Македонија, каде минатиот викенд загинаа 59 лица.

Одлуката за денот на жалост беше донесена вчера.

Владата на БиХ оваа одлука ја донесе вчера на итна седница.

Одлуката е донесена да се изрази сочувство до семејствата на жртвите од трагедијата што се случи на 15 март во градот Кочани, кога најмалку 59 лица ги загубија животите во пожар.

Денот на жалост се одбележува со задолжително истакнување на знамето на Босна и Херцеговина на половина копје, или на јарболот, на зградите на законодавните, извршните и судските власти, јавните институции, институциите и другите правни лица на територијата на Федерацијата БиХ.

На Денот на жалост, на јавни места во Федерацијата БиХ не може да се одржуваат културни и забавни програми, а медиумите на територијата на Федерацијата БиХ се обврзани да ја усогласат и приспособат својата програмска содржина на денот на жалоста, се вели во соопштението на Канцеларијата за односи со јавноста на Владата на БиХ.