Син си ги убил родителите во Чачак: Избодените тела пронајдени во стан

Макфакс

18/03/2025

08:51

1.025

Големина на фонт

а а а

Синоќа околу 21 часот во населбата Љубиќ кеј во Чачак се случи двојно убиство.

Според информациите кои како што пренесувааат тамошните медиуми се уште не се официјално потврдени, синот е осомничен дека со нож ги убил татко си и мајка си.

– Телата се пронајдени во станот, а осомничениот син е пронајден три часа подоцна во селото Сврачковци. Се претпоставува дека пеш тргнал кон Белград – раскажува за РИНА извор запознаен со случајот.

Според првичните инфомации во написите, убиениот бил истакнат лекар од Чачак.